Му ѕвони телефонот на еден скопјанец:
– Ало! Здраво, се јавуваме да ви кажеме дека дојде вашиот ред на списокот за пуштање на децата во градинка…
– Благодарам, нема потреба, таа вчера се омажи!

– – – – – – –

– Здраво, ми требаат антидепресиви.
– А рецепт имате ли?
– Венчаница може ли?

– – – – – – –

– Мили, каде си?
– Чекам автобусот.
– Те молам, побрзај!
– Добро, ќе го чекам побрзо.

– – – – – – –

– Душо, кажи ми некој топол збор…
– Гори во пеколот!

– – – – – – –

– Тато, ја знаеш ли онаа убавата комшивка од шестиот кат?
– Да, ја знам.
– Па, јас спиев со неа. Нешто да кажеш?
– Што да кажам? 5 : 1 за мене…

– – – – – – –

Шепотат двајца средношколци на тест по физика:
– Брат, кажи ми го вториот закон на Њутн?
– Брат, јас учам физика, а не право.

– – – – – – –

Како што велат далтонистите, животот е како виножито – половина бел, половина црн.

– – – – – – –

Синоќа од спалната соба на соседите се слушаше чкрипење… Една минута… Така и треба на онаа кучка што си го мете ѓубрето до пред мојата врата!

– – – – – – –

– Спиеш ли?
– Мхм!
– Кажи дека ме сакаш!
– Еден часот е идиот!!!

– – – – – – –

Кавга. Жената:
– И ќе земам да напишам на штицата на креветот дека си будала, па целиот град да те разбере!

– – – – – – –

– Никогаш не сум го изневерила мажот.
– Доста се жалиш, де!

– – – – – – –

Тој:
– Синоќа заспав со насмевка на лицето!
Таа:
– Од љубов кон мене ли, драги?
Тој:
– Не, дедо утре ќе вари ракија…

– – – – – – –

Плавуша и пишува СМС на својата пријателка, исто така плавуша:
– 37,5! Сѐ ме боли!
Пријателката одговара:
– Можеше и помал да најдеш…

Сподели на Facebook
пати видено