Вака пишува Станко Јерчиќ, главен викар на хварската бискупија. Во седум точки го опишал однесувањето на младенцте и нивните гости.

vn

Венчавката – свет чин или сапуница?

Венчавките денес главно се извршуваат само во црква, а порано требаше да се регистрирате кај матичар, па така тој важен чин се извршуваше два пати во рамките на половина час, што дури делуваше несериозно. Изгледа дека дел од таа „несериозност“ се пренесе во црквата, односно на самото црковно венчавање: се измислуваат „егзотични“ простори за церемонијата, уште „поегзотична“ станува облеката на невестата и кумата и останатите учеснички…се бараат „сапунско“ стапување пред олтар, внатрешноста на црквата се фризира како да се дочекува Дедо Мраз, а фотографите и снимателите се однесуваат како црквата да е нивно студио…

Влегувањето во црква

Поединци во црквата влегуваат „како во биртија“ – со капа на глава, со рацете в џеб, со шише ракија во раката. Се вика, довикува, вреви, се смее на сет глас. Ѕвонат мобилните, дури и за време на обредот. Треба да се истакне дека минувањето на црковниот праг бара определена промена во однесувањето.

Облеката

Ретко може да се најде поневкусно и понепристојно облекување како кај сватовите. Па уште ако е на свадбената вечера, Бог да е напомо! Но, влегувањето во црква изискува поскромна облека. Младоженците вообичаено не се проблематични, но за многу невести тоа не би можело да се каже. Да се дојде полугола пред олтарот навистина е крајно невкусно и е знак на непочитување кон светиот простор.

Речиси целосно гол грб, деколтеата отворени до крајни граници, разрезот на фустанот речиси до колкот…

За време на обредот

Забележав дури и кај оние кои редовно доаѓаат во црква дека во текот на венчавката се менуваат. Изгледа дека поединци во сватови забораваат кои се и што се. Како единствено светата миса од нас да бара учество и побожност. Некои од нив во црква се однесуваат како да дошле пред матичар, а не на богослужба.

Седење за време на целиот обред (па дури и за време на читањето на Евангелието и молитвата Оче наш), трчање по црквата по мали деца, одговарање на мобилен и да не набројувам понатаму. Понекогаш, под дејство на алкохол има и гласно дофрлување кон младенците – „Погласно!“, „Ништо не слушаме!“ и слично. А кога ќе дојде ред младенците да се бакнат, кај некои сватови настапува општа еуфорија – викање „УУУУУ“, „Бравоооо“, врескање како да паднал „гол“, свиркање…

Честитањето

Секој сака на младенците да им изрази убави желби по склопувањето брак. Тоа е убаво и е за пофалба, но кога честитањето не би се претворило во сеопшта врева, поттурнување, дофрлување, па дури и пцовки (и тоа слушнав).

На олтарот пред кој стојат младенците многумина приоѓаат со рацете в џеб или на задникот, се нудат едни други со ракија и сѐ изгледа како да се стои на ред пред продавница или пред благајна на фудбалски стадион, а не пред олтар.

Фотографирање

Постојат и фотографи кои се потрудиле да дознаат какви обичаи владеат во определена жупа и настојуваат да се однесуваат дискретно и пристојно. Но, има и фотографи кои се однесуваат не само непристојно, туку и грубо. Потпирање на олтарот, поместување на свеќи и цвеќиња од олтарот („поради подобар кадар“), блокирање на преминот со сталки за камери и рефлектори, така што свештеникот едвај може да минува околу олтарот.

Фотографирањето по обредот за некои фотографи е можност да „здивеат“. А да не ја спомнувам и праксата на некои фотографи од светилиштето да направат фото-ателје, преместувајќи столови, па дури и на свештеникот, за младенците да изведуваат најразлични пози, клечат, седат и сл. Црквата не е фото-ателје.

Излегувањето на младенците од црква

По фотографирањето младенците, следени од кумовите, излегуваат од црквата, а пред црквата ги чекаат гостите. Тогаш вообичаено ќе засвири некоја песна, а присутните ракоплескаат. Убаво и симпатично. Но, некои постапки заслужуваат сериозен прекор. За време на излегувањето на младенците од црквата некои подивуваат, се дерат, дофрлуваат невкусни шеги. Особен проблем претставува обидот некои луѓе излегувањето на младенците да им го направат што е можно посвечено. И тогаш настапува фрлање на сѐ и сешто – розини ливчиња, ориз, конфети, хартиени ленти и сл. Откако сватовите ќе си заминат, просторот пред црквата изгледа како да завршил фудбалски натпревар, а не верски обред. Особено би го истакнал фрлањето ориз како нешто нехристијанско, паганско.

Како прво, фрлањето ориз како симбол на плодности е остаток од паганските обреди и магии. Како второ, оризот е храна, во некои краишта на светот се цени како што се цени лебот. Не се фрла храна по земјата и не се гази. И како трето, оризот тешко се чисти, особено ако теренот пред црквата е нерамен, како што е кај нас.

Сподели на Facebook
пати видено