Бебињата родени со големи глави имаат поголеми изгледи да бидат умни и да имаат успешна иднина, покажува ново истражување. Истражувањето спроведено од Ју-Кеј Биобанк силно ја поврзува високата интелигенција со големиот обем на главата и мозокот. Организацијата надгледува половина милион Британци за да ја открие врската помеѓу нивното телесно и ментално здравје и тоа низ што сѐ минале низ животот.
Истражувачите во научниот труд објавен од журналот Молекуларна психијатрија пишуваат: „Забележани се силни врски меѓу резултатите на когнитивниот тест и многу резултати на полигенски профили…интракранијалниот волумен, обемот на главата на детето и когнитивната способност во детето.“
Професорот Јан Дири од Единбуршкиот универзитет, кој го предводи истражувњето, вели дека генетските варијации се исто така поврзани со интелигенцијата. Новите наоди се толку точни што експертите тврдат дека само врз основа на ДНК на детето би можело да се предвиди дали тоа ќе оди на универзитет или не.