Качувањето по дрвја е дел од сечие детство. Претставува вистински предизвик и понекогаш е опасно, но секогаш забавно. Овој татко сакал да направи нешто посебно за неговата ќерка, па решил од нејзиното омилено дрво за качување заедно да направат масичка.
Првична обработка на дел од стеблото.
Шмирглање на плочата. Бидејќи таткото има сериозно оштетување на видот, напредувањето на нивната работа го проверува со помош на неговите раце.
Кога рамнењето е завршено, сите прекрасни детали и прстени стануваат видливи.
Нерамнините и пукнатините се пополнуваат со епокси и тиркизни украси.
После повторното шмирглање и полирање, плочата го добива својот сјај.
На крајот таткото ги изработува и ногарките за масичката.
Ќерката го сработува својот дел од работата во составувањето на масичката.
Завршениот проект – прекрасно потсетување на детството, заеднички изработен од татко и ќерка.