Жена од Индија цели живот ќе носи страв бидејќи нејзиниот сопруг со кого биле осум години ѝ го исекол носот бидејќи нејзиното семејство не можело да си дозволи да го плати брачниот мираз. 25-годишната Камлеш Ратор од Шахјанапур во Утар Прадеш, северна Индија, вели дека нејзиниот маж, 27-годишниот Санџив Ратор барал мираз од 50 000 рупии (околу 650 евра) уште откога се венчале. Миразот е дел од индиските обичаи, при што семејството на младоженецот му дава готовина, накит или земја.
„Секој ден ме злоставуваше поради миразот. Постојано бараше 50 000 рупии. Постојано му кажував дека татко ми е многу сиромашен и не може да си дозволи толкаво количество пари, но тој не слушаше и се закануваше дека ќе ми го исече носот. Со годии ме тепаше. Употребуваше ремен, стап, влечки и постојано ме измачуваше. Ме обвинуваше дека се проституирам и се закануваше дека ќе ме продаде. Постојано беше пијан. За време на нашите осум години брак постојано беше груб со мене.“
На 14 септември Камлеш готвела вечера, кога Санџив започнал да ѝ вика, повторно барајќи ги парите. И тогаш одненадеж, нејзините свекор и свекрва ја зграпчиле одзади и ја држеле додека маж ѝ ѝ го сечел носот.
„Сите ме држеа цврсто, не можев да мрдам. И тогаш од никаде се појави нож и тој ми го исече носот“.
Веднаш потоа сите заедно избегале. Неговите последни зборови биле: „Ете, сега засекогаш ќе бидеш ваква.“ Камлеш и нејзиниот сопруг имаат шестгодишна ќерка.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!