Кен Морган на својата сопруга ѝ го подарил најневообичаениот подарок по повод 60-годишнината од нивниот брак – двокатниот автобус во кој се запознале. Во 1956 година Кен Морган бил млад воен пилот кога ја забележал Ширли, убава 18-годишна кондуктерка која работела на автобуската линија меѓу Глостер и Кардиф. Кен, кој тогаш имал 22 години, започнал разговор со неа. Се вљубиле и по три години се венчале. Подарокот е истиот двокатен автобус, за кој потрошил 14 000 евра и кој претходно бил реставриран од ентузијаст за возила.

pn01

Г-н Морган, кој сега има 82 години, и Ширли, 78, често се возат во природа со нивниот автобус, и двајцата облечени во униформи.

„Тоа патување во автобусот на рутата 1 во 1956 засекогаш ми го промени животот“, вели тој. „Ширли беше приправнчка во автобусот на кој се качив. Си помислив дека е навистина прекрасна и се прашував дали има момче, но не се осмелував да прашам. Разговаравме речиси целиот пат од 100-тина километри.

pn02 pn03

Следните неколку седмици Морган се возел во истиот автобус. Најпосле собрал храброст да ја покани Ширли да излезат заедно.

„Ширли ми беше првата и единствена девојка. Собрав храброст да ја прашам дали има момче и таа ми кажа дека нема. Ја прашав дали би можел да ја одведам на кино и таа кажа да. Интересно е тоа што по нашиот состанок таа го пропуштила својот автобус кон дома и морала да оди километар и половина до дома.“

pn04 pn05

Морган ги напуштил Кралските авијациски сили – и дури минал низ обука за автобуски возач за да работи со Ширли пред тие да се венчаат.

„Работењето на автобусите со Ширли, тоа навистина беа некои од најсреќните мигови во мојот живот“, вели тој.

 pn09 pn08

Сподели на Facebook
пати видено