Норвешки рокер добил на локалните избори и покрај тоа што упатил молба да не гласаат за него. Гулве Нагел, подобро познат како Фенриз е едната половина од хеви метал бендот Дарктрон, и се согласил да биде кандидат во резервната листа на локалните избори во неговиот роден град Колботн. Но, и покрај тоа што од гласачите побарал да не гласаат за него, добил и сега мора најмалку две години да работи како советник.

kl02

Г-н Нагел се приклучил во кампањата откако луѓе од власта го побарале тоа за ја зголемат бројката на луѓе на листата. Тој се согласил, иако не верувал дека ќе добие гласови, а неговиот постер за кампањата бил слика со него како држи мачка наречена „Путер од киритки“ и слоганот: „Не гласајте за мене“.

Но, гласачите ја игнорирале неговата молба и така тој добил место во советот, што значи ќе мора најмалку две години да му служи на народот.

„Во основа, тие ми се јавија и прашаа дали би сакал да бидам на листата како резерва. Кажав да, мислејќи дека ќе бидам осумнаесетти на листата и не би морал да правам ништо. Мојата кампања беше слика со мене како држам мачка, велејќи: „Ве молам не гласајте за мене“. Но, луѓето полудеа.

kl01

По изборите, шефот ми се јави и ми кажа дека сум избран. Не бев многу задоволен, и не сум нешто задоволен. Здодевно е. А и нема многу пари во тоа, ви велам. Во основа мора да ги заменам луѓето кои вообичаено одат на состаноци или слично. И тогаш морам да одам и да седам таму, и да се чувствувам глупаво меѓу уредните луѓе.“

Колботн е град во центарот на Норвешка и има население од околу 6000 луѓе.

Сподели на Facebook
пати видено