Високо на планините на западен Јемен, постои едно село во кое живеат луѓе на кои им дошло преку глава од граѓанската војна. Во Јемен скоро постојано има некоја граѓанска војна, а најновата започна минатата година. Во потрага по мирен живот, далеку од лудилото на цивилизацијата, овие луѓе се населиле високо на планината, каде што никој нема интерес да доаѓа да војува. Без струја и лесно достапна вода за пиење, луѓето мораат да работат по цел ден за да преживеат. Одгледуваат добиток и се занимаваат со земјоделие, поточно одгледуваат кафе и пченка. Иако условите за живот им се примитивни, сепак нивните деца се среќни и ниту еден од жителите на селото не планира да се враќа во градовите.