Желка-мажјак со силен сексуален нагон, стар преку сто години, сама го спаси својот вид од изумирање. Диего е татко на 800 бебиња, менувајќи го правецот на судбината за неговиот вид желки на островот Еспанола.

zl01

„Тој е многу активен мажјак на сексуален план и стори извонредно многу за возобновување на популацијата желки на островот“, вели Вашингтон Тапиа, специјалист за зачувување на желки во Националниот парк на Галапагос.

zl02

Диего е Chelonoidis hoodensis, вид желка која во дивината ја има само на Галапагос. Овој островски архипелаг го прослави Чарлс Дарвин со своите проучувања на зашеметувачкиот биодиверзитет. Токму Диего ја докажа Дарвиновата теорија за преживување на најдобро прилагодените. Пред 50 години на островот имало само два мажјаци и дванаесет женки. Тој сега живее во центар за парење на желки на блискиот остров Санта Круз, каде што сѐ уште се пари во неговиот харем со шест женки. Тежи 82 килограми и е долг речиси 90 сантиметри.

zl03

Сподели на Facebook
пати видено