Поранешен зависничка од хероин споделила моќни фотографиии пред и откако се исчистила од дрогата, за да ги охрабри другите луѓе кои се борат со зависноста. Сликите ги сподели со коментарот: „Еве како изгледа да си трезен 826 дена. Од лево сум јас на 11 јуни 2014 година, од лево сум повторно јас, денес. Сосема е возможно да се излечиш!
Без да одам надолго и нашироко, само ќе кажам дека бев во навистина насилна врска која доведе до тоа мојата ќерка да замине да живее со мајка ми. Таа е целиот мој свет, така што кога се случи тоа, паднав во длабока депресија и се потпрев на моето насилно момче за поткрепа. Неговиот одговор за тоа како да се чувствувам подобро беше – хероин. По осум месеци секојдневна употреба и неколку половични обиди да се исчистам, му кажав на судијата кој решаваше за старателството врз ќерка ми дека земам хероин и дека ми треба помош. Тој ме прати во затвор додека да најде место во центарот за рехабилитација. Потоа заминав во најдобриот центар во мојата држава.
Има луѓе во мојот живот кои не знаат за оваа моја страна и веројатно ќе го видат ова. Го знаев тоа кога објавував. Кога ја најдов оваа слика, ми падна жал за таа девојка. Посакав да ја гушнам и да ѝ кажам дека ќе ѝ биде подобро. И тогаш сфатив дека таа сѐ уште е таму некаде. Но, тоа веќе не сум јас. Има други зависници кои паднале во истиот маѓепсан круг на пеколот во кој бев и јас. Па така, ако некој од тие луѓе го види ова и се прибере, тогаш вредеше да објавам.“
Нејзината објава наишла на големи пофалби од другите корисници, при што на некои од нив не им се верува дека минала низ толку многу на толку млада возраст.
.„Твојата слика од лево вели дека си на 30, таа од десно дека си на 20, а твојата животна приказна е како да си во твоите 40-ти“, вели еден корисник.
Сликите зборуваат сами за себе.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.