Жртвувањето животни кое го одбележува муслиманскиот празник Курбан Бајрам ги претвори улиците на главниот град на Бангладеш во реки од крв. Властите во Дака пропишале посебни места во градот кадешто жителите можат да ги колат животните, но обилните врнежи во вторник го попречија тој план. Наместо тоа, тие прибегнаа кон паркиралиштата, гаражите и улиците за традиционално да го одбележат Курбан Бајрам (празник на жртвата)- со колење животни. Улиците поцрвенеа од нивната крв.
Вообичаено се коле коза, овца или крава за да се одбележи тестот на верата на пророкот Ибрахим. Месото на закланите животни се дели меѓу семејството, пријателите и сиромашните луѓе кои не можат да си дозволат да жртвуваат како гест на дарежливост и промовирање на општествената хармонија.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!