Тешко дека ќе се роди пријателство во една студентска соба овој семестар, откако една од цимерките испратила агресивна листа со барања кон нејзините цимерки пред воопшто да ги запознае. Оваа порака, пратена од една бруцошка на Универзитетот на Лос Анџелес, била споделена на Твитер и бил виден од илјадници. Една од цимерките на Ешли, 17-годишната Вини Чен, била во целосен шок од имејлот кој го добила од својата цимерка.

cm02

Имејлот содржел листа со барања кои главно се однесуваат на тоа каде ќе биде нејзиниот кревет и шкаф во заедничката соба. Во нејзината тирада стои: „Добро, значи не сум сигурна зошто ниедна од вас не ми одговора на имејлите, но и баш ми е гајле, само да го знаете ова и разберете дека нема да се задоволам со ништо помалку од тоа што ќе ви кажам дека ќе го добијам кога ќе пристигнам во домот.

cm03

Го сакам горниот кревет од двокатните кревети. НЕ ГО САКАМ креветот кој има биро под него, затоа не обидувајте се да ми го сместите тоа. Исто така, земам еден од белите шкафови. Би требало да има два бели шкафа, и јас земам еден од нив… Го земам бирото крај прозорецот. И не планирам да се расправам или било какви други глупости затоа што една од вас двете нарочно го игнорира овој имејл.“

Потоа продолжува да им држи лекција дека е невоспитано да се игнорираат имејли. Цимерка за пример, зар не?

Сподели на Facebook
пати видено