Џордан Лотер во секој поглед бил здрав и прав осумнаесетгодишник, кога во јануари 2015 година пошол на лекар поради болки. Само 15 месеци подоцна, Џордан починал во Кралската болница Марсден во Лондон. Тоа што мислел дека е спортска повреда, истегнување на мускул, се покажало дека е агресивен канцер во неговиот стомак. Во последните ужасни месеци на неговиот живот, тој бил подложен на исцрпувачка хемотерапија и операција за отстранување на туморот кој ги затнал неговите црева. Неговата мајка Френсис и таткото Чарлс оајно се бореле да го спасат, и собрале пари да го пратат во Германија за нова форма на имунотерапевтски третман.

kn01

Ништо не успевало и во текот на сето тоа тој бил во ужасни болки. На Џордан му давале морфин, но биле потребни големи дози кои ја успорувале функцијата на целото негово тело, вклучително и системот за дишење, метаболизмот, сѐ – и бил толку издрогиран што едвај бил свесен за својата околина.

Не можејќи да го гледа својот син како страда, Френсис налетала на решение кое докторите не го разгледале како можност – канабис, кој започнала да му го дава во вид на капки масло. Тоа го правел сѐ до неговата смрт на 4 април оваа година. „Канабисот веднаш имаше ефект“, вели таа. „Стори чуда за неговите болки, без никој од страничните ефекти на морфинот од кој му се лошеше и му предизвикуваше лоши сништа.“

kn02

Џордан паднал во ужасна депресија кога му било кажано дека ќе умре, но канабисот му помогнал и со тоа, дури му го подобрил и апетитот за време на хемотерапијата. Френсис дознала за можната медицинска полза на канабисот од пријателка на чијашто мајка ѝ бил дијагностициран рак на стомакот и чиишто симптоми, вклучително и болките, морфинот ни оддалеку не можел да ги смири, но исчезнале преку ноќ кога почнала да употребува канабис.

Но, во Велика Британија канабисот се смета како дрога од класа Б, што значи дека доколку била фатена, Френсис можела да се соочи со 14 години затвор. Се до заболувањето на нејзиниот син, Френсис како добра домаќинка не ни сонувала да го прекрши законот. Но, во последната година на животот на нејзиниот син, таа ризикувала да биде уапсена и да биде гонета, само затоа што сакала да му ја олесни болката на нејзиниот син на умирање.

 kn04

Поради овој пример, кој е еден од многуте, парламентарна група во британскиот парламент се залага за реформа на законот за наркотици, повикувајќи ја владата да го легализира канабисот за ваков вид употреба. Со ова Британија би се приклучила на 11 други европски земји, 24 сојузни држави на САД, Канада, Израел и многу латиноамерикански земји.

Сподели на Facebook
пати видено