Покрај сексуален нагон, луѓето имаат и нагон за спиење – биолошка потреба за малку да се затворат очите. И исто како што некои имаат посилен сексуален нагон од другите, и нагонот за спиење варира кај различни луѓе, согласно со нивните лични и генетски предиспозиции, како и со внатрешниот биолошки часовник.

gl01

Нашите тела и нашите мозоци се управуваваат според нашиот индивидуален биолошки ритам. Но, докторите велат дека нашиот природен биоритам се пореметил всо модерното време. Во времетраење од 50 000 години сме држеле совршен биоритам, но во изминатите 125 години, со сиот тој технолошки напредок – вештачкото осветлување, авиопатувањата, брзата комуникација, кофеинот – сето тоа ужасно го има пореметено нашиот природен биоритам.

Добрата вест е што не треба многу тоа да се поправи. Сѐ што треба е мало преосмислување на нашиот распоред и начинот на живот – менувањето на часот кога го пиеме првото кафе или чај, кога ќе биде нашето време за дремка, кога е време за ручек итн. Но, како да знаете кој би бил вашиот идеален распоред. Би можеле да земете пример од различните животни.

Делфин

gl02

Делфините спијат само со едната половина на мозокот, додека другата е будна и внимава на можните грабливци. Луѓето кои имаат хронотип како делфините спијат лесно и се будат и на најмал шум. Често страдаат од несоница.

Вашиот идеален ден како делфин би започнал со будење во 6:30. Појадокот би требало да ви биде во периодот 7:30-9:00 со високо протеинска храна како јајца, сланина, јогурт.

Лав

gl03

Лавовите се будат предзори да ловат, додека нивниот плен сѐ уште е сонлив. Луѓето од овој тип исто така стануваат предзори, бликајќи со енергија.

Вашиот идеален ден би требало да започне во 5:30-6:00. Појадувајте или испијте една или две чаши вода. Пред да започнете со работниот ден, водете љубов. Утринскиот тестостерон е највисок во утринските часови.

Мечкa

gl04

Мечките се активни дење, а спијат ноќе. Нивниот одмор е сличен на човечкиот и тие претпочитаат да спијат најмалку осум часа.

Вашиот идеален ден би требало да започне со будење во 7 часот, а појадок, и тоа обилен, би требало да имате во периодот 7:30-9:00. Потоа тргнете на работа, и ако времето е убаво и можете да си го дозволите тоа, на работа одете пеш, бидејќи тоа ќе ве наполни со енергија.

Сподели на Facebook
пати видено