Ветеран од Виетнам умрел мирно откако ја исполнил својата предмстна желба уште еднаш, за последен пат да појде на риболов. 68-годишниот Кони Вилхајт умрел на 29 август во Даблин, Џорџија. Три дена пред тоа, страсниот рибар кој бил смрно болен од рак, тргнал на своето последно рибарење.

rb02

Вилхајт, кој служел во морнарица за време на Виетнамската војна, го кажал следното на медицинскиот персонал:„Ништо не е како рибарењето. Дури и кога не гризе, сепак е добро да се помине ден надвор. Знам дека умирам и дека ракот ќе ме совлада, но сѐ додека можам, сакам да ловам риба.“ Другата желба му била да се покрсти. Како што раскажуваат, по покрстувањето веднаш се почувствувал подобро.

rb01

Што се однесува до рибарењето, тоа било малку потешко, но персоналот бил решен да му помогне да си ја исполни желбата. Го одвезле неговиот болнички кревет крај езеро во близина на медицинскиот центар и му ја дале неговата јадица. Вилхајт имал среќа и уловил не една, туку четири риби.

„Никогаш нема да го заборавам изразот на неговото лице“, вели еден од болничарите.

Сподели на Facebook
пати видено