Контроверзната мајка на четиринаесет деца, позната како Октомама откако роди осумка како резултат на вештачко оплодвање, вели дека била присилена да го убие својот имиџ на Октомама во обид да си го спаси животот и да се сосредоточи на одгледувањето на своите деца.
Натали Сулеман – порано позната како Надја – вели дека длабоко се срами од „дехуманизирачката и експлоататорска“ работа која ја работела како славна порно ѕвезда и стриптизерка. Таа толку си станала одвратна самата на себеси што просто лекарството Ксанакс престанало да ѝ делува.
41-годишната жена верува дека можела да умре од предозираност ако не престанала со таквата работа и „Октомама“ ја оставила далеку зад себе. Сега сака да раскрсти со своето минато и да му покаже на светот дека нејзината осумка, сега на возраст од седум години – се добро прилагодени и здрави деца.
Сулеман во 2009 беше жестоко напаѓана кога се дозна дека се подложила на вештачко оплодување за да забремени со осум деца – и покрај тоа што веќе била мајка на шест деца и невработена. Но, таа сега споделува дека всушност сакала само едно дете, но докторите ѝ препорачале да ѝ вметнат дванаесет ембриони, плашејќи се дека повеќето нема да преживеат. Тоа резултирало со раѓањето на осумте деца: Џона, Нарија, Јосаја, Малија, Исаија, Ноа, Еремија и Макаи.
Мачејќи се да сврзе крај со крај со нејзините четиринаесет деца, Сулеман почнала да игра во порно филмови и да работи како стриптизета. Но, таа работа направила да се чувствува празно и да си биде одвратна самата на себеси.
„Сѐ што правев беше да најдам пари за леб“, вели таа. „Последните години беа толку мрачни. Тргнав по многу мрачна и уништувачка патека. Целосно се експлоатирав себеси и се обезличив со порното и стрипувањето. Бев толку очајна, бевме на работ да станеме бездомници, па место моите деца да ги ставам пред камера како атракција, решив јас да застанам пред камера.“
Кога Сулеман му кажала на својот менаџер дека сака да престане со таа работа, тој ѝ кажал дека ќе ја тужи за 30 000 долари ако не се појави. „Јас немав ни 30 долари во џебот, а не пак 30 000, па така морав да го направам тоа.“
Но, пресвртниот миг бил кога ја видела својата ќерка како парадира низ куќи со потпетици и секси облека. Таа решила да ја фрли таа облека, да се спакува и да почне нов почеток.
„Тоа беше како да избегав од прозор. Ликот на Октомама беше мртов. Се спакувавме и јас го напуштив мојот менаџер. Ако останев во тој живот, сега можеби ќе бев мртва.“
Сулеман, која е обучена сестра и советничка, сега работи со ранливи жени и се вратила во својот роден град во Оринџ Каунти.