Шегаџија го кренал гледањето на жените како објекти на едно повисоко ниво кога ја огласил својата жена на Ибеј, како да е некоја половна кола – но се изненадил кога наддавањето достигнало просечна цена на еден Јагуар. Симон О`Кејн, кој е татко на две деца, со огласот приложил и слика на Леандра, заедно со причините зошто ја продава, како и нејзините добри и лоши страни. Напишал дека ја бива за работа и дека е одлична во кујната. „Не е нова, користена е“, вели тој, „но има уште доста пред неа“:
Мотоциклистот ентузијаст од Вејкфилд, Јоркшир, решил да ја огласи својата жена откако таа не сочувствувала со него кога тој ѝ се пожалил дека не му е добро. Триесет и тригодишниот човек се изненадил кога за два дена наддавањата достигнале до 78 000 евра.