Британскиот висок комесар за Гана упати апел до владата на земјата да ги затвори логорите во кои се затворени таканаречените вештерки и тие жени повторно да бидат интегрирани во општеството на оваа африканска земја. На состанок со властите на Гана, Џон Бенџамин ѝ порачал на владата да го разбие митот за постоењето на вештерки и илјадници жени и деца да бидат вратени во нивните села.

„Јас лично верувам дека во 21. век е време да се каже дека не постојат такви нешта како вештерки и да се престане со такви термини да се дехуманизираат ранливите жени“, изјавил Бенџамин, истакнувајќи дека искажува лично негови гледишта, а не на британската влада.

За време на обраќањето Бенџамин, кој е на служба во африканската земја уште од 2014, тврди дека во бедните населби околу Куко, Северна Гана, се затворени околу 800 „вештерки“ и 500 деца. Тој исто така истакнал дека држењето на жени и малолетници во такви логори е нарушување на човечките права. Еден од тие логори бил затворен во 2014 година со помош на британската добротворна организација Екшн Ејд, но плановите да се затворат и останатите логори биле попречени од селаните кои сѐ уште се плашат од вештерство, а властите се плашат дека ако тие жени бидат пуштени назад во селата им се заканува опасност од насилство, па дури и смрт.

vs01 vs02 vs03 vs04

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено