Ако некогаш вашето куче ви додевало додека гледате ТВ, погледнете со што се справуваат сопствениците на Барон, најголемото куче во Австралија. 113 килограми тешката англиска дога можеби е нежен џин, но сликите на кои се гледа како просто го смачкува неговиот сопственик Марк Јорк под својата огромна снага покажува дека дружељубивото куче сепак не е многу внимателно. Големото куче сега треба да почне да посетува училишта и болници како терапевтско куче, и сѐ уште не ни престанало да расте.
„Неговиот тренинг ќе започне наскоро. Тој е многу опуштено куче и добро се вклопува и со луѓе и со животни“, вели Јорк.
Барон ќе продолжи да реасте додека да наполни четири години, што го прави можен кандидат за титулата „Најтешко куче во светот“, титула која сега засега ја држи 127,5 килограми тешко куче од САД. Јорк вели дека издвојува до 200 долари неделно за неговиот незаситен ѕвер кој јаде цели планини храна.
„Барон јаде многу, добива месо и бисквити за појадок, пилешки врат за ужина и месо и бисквити за вечера со дополнителни витамини и масла, сардини, јајца, тиква и зеленчук.“
И покрај неговата големина, има игрива природа на мало кутре и социјалните медиуми прикажуваат слики како си игра и се дружи со кучиња од најразлична големина.