Едниот е бивш фудбалер кој станал маркетинг агент, а другиот глобална спортска мегаѕвезда, когошто го следат милиони луѓе и кому во неговиот роден град му посветиле музеј. Рики Регуфи и Кристијано Роналдо во текот на последните 13 години изградиле уникатна врска. Можеби неговото име и не ви значи многу, но со сигурност сте го виделе неговото лице на сликите по социјалните медиуми, кога Роналдо слави по натпреварите.
Регуфи е довереник на Роналдо, негова десна рака и советник – кој често ќе го видите, но ретко ќе го слушнете. За човек кој е повеќе од среќен да го сподели својот живот со јавноста преку социјалните медиуми, сепак се стреми кон приватност.
Се држи настрана од печатот и досега ги одбил сите покани за интервју, прашање на личен избор кој можеби колку многу го цени пријателството со славниот спортист, бидејќи со оглед на тоа што се’ знае тој за Роналдо, би претставувал вистинско злато за новинарите, како и за неговите обожаватели. И тој сосема сигурно е свесен за тоа. Но, тој негов избор го прави уште поинтригантен и се раскажуваат најразлични приказни за нивните наводни авантури.
Во реалниот живот, нивната приказна започнува во 2003 година, кога Регуфи како портпарол на Роналдо му помогнал да се пробие во играта. Регуфи, кој е шест години постар од Роналдо, пораснал во Порто и бил добар фудбалер, но своите копачки ги закачил на возраст од 21 година и решил да гради кариера во спортскиот маркетинг. Бил регрутиран од Најки за да се грижи за интересите на гигантската фирма во неговата родна Португалија и токму во тие денови се запознале со Роналдо во Лисабон.
Додека тинејџерот Роналдо го учел својот занает во главниот град на Португалија, Регуфи го убедил да потпише договор за копачки кој се покажал како многу профитабилен. И тогаш воопшто не е за чудење што Роналдо го сака својот другар – бидејќи му носи 16,6 милиони евра годишно, но нивната поврзаност се протега и надвор од бизнисот.
Тој станал нераздвоен дел од семејниот живот на Роналдо, делејќи оброци со суперѕвездата и неговиот син, појавувајќи се на луксузни одмори, доделување на награди и разговори со славни личности како Џенифер Лопез и Ким Кардашијан. Во изминатите четири месецеи само Регуфи бил во придружба на својот другар фудбалер кога овој ја примил награда од Евролигата, кога го посетил Конор МекГрегор во Лас Вегас и кога ја посетил својата девојка во Мароко, модната блогерка Клаудија Динис.
Анонимен извор близок до Роналдо вели: „Тој е најдобар другар на Роналдо. Па така, по долги години на толку блиско пријателство, сосема е нормално да се зближите и со семејството.“
Сепак, интернетот е полн со двосмислени коментари за сликите со емотивни прегратки на двајцата блиски другари.