– Мила, знаеш ли колку години живее една свиња?!
– Ти да не си болен нешто, да викнам ли доктор?!

– – – – – – –

Во аптека:
– Дали имате апчиња против мрза?
– Имаме!
– Може ли да ми ставите едно на јазикот?

– – – – – – –

– Како си помина на море?
– Како да ти кажам… Исто како на работа. Седиш, дремеше и чекаш да дојде време за јадење.

– – – – – – –

– Душо, кажи ми ама искрено: Со колку мажи си била?
– Со дваесет!
– Ееее, а баш сакав да си била девица, кога се оженивме.
– Бев…

– – – – – – –

Во слаткарница:
– Би сакала да нарачам торта со загорени теста и малку крива од едната страна.
– Зошто???!!!
– На мојот сопруг му е роденден. Нека мисли дека јас сум ја правела!

– – – – – – –

Ако играш Pokemon Go и поминеш покрај кафеана, може да ги фатиш Покемоните Сељачу и Простачу…

– – – – – – –

– Мамо, веќе не можам да издржам! 70 години сум! Женет сум, имам 4 деца, 12 внуци и 7 правнуци и ти во сите овие 70 години не престана да ме поправаш!
– 71, миличок, 71!

– – – – – – –

– Што е мака?
– Да чистиш ориз со боксерски ракавици.

– – – – – – –

И велат на плавуша:
– Сега ќе треба да пополните IQ тест.
– Што е IQ?
– Тестот е завршен. Ви благодариме.

– – – – – – –

Забарот:
– Сега може и да ве заболи!
Пациентот:
– Добро, ќе истрпам.
– Спијам со жена ви…

– – – – – – –

По секс со девојка ми сакам да легнам до неа и силно да ја прегрнам. Така целиот воздух од неа се испушта и повторно можам да ја проберам во кутијата…

– – – – – – –

Корисен совет:
– Го запишав бројот на љубовницата со име „Low Battery“. Едноставно наместо да се јавам го ставам телефонот да се полни, ако жена ми е наоколу.

– – – – – – –

– А бе зетко, овој чај зошто мириса на горчливи бадеми?
– Пиј мамо, пиј, ќе ти поминат сите болки…

– – – – – – –

– Брат, да пиеме по ракија, а?!
– Не, за мене само сок од боровинки…
– Што бе, да не имаш менструација?

– – – – – – –

– Вечерва син ми ќе дојде да ја побара раката на ќерка ти.
– Зошто, тој си нема ли рака?
– Има, ама веќе му се уморила.

– – – – – – –

– Што правиш?
– Ништо…
– Па ти и вчера исто го правеше!
– Да ама ми остана уште малку…

– – – – – – –

Заминувам на службено патување. Ѝ реков на шега на жената дека во спалната соба има скриена камера. Се враќам во дневната соба троседот пропаднат, a во кујната масата скршена…

Сподели на Facebook
пати видено