Интересен визуелен експеримент од медицинскиот отсек на Универзитетот Харвард. Една плоча е поделена на неколку области на кои се ставаат различни количини на ист антибиотик. На краевите нема антибиотик и бактеријата лесно се распространува, потоа има област со многу малку антибиотик, па 10 пати повеќе, па 100 пати повеќе и на средината има 1000 пати повеќе антибиотик. Погледнете што се случува со бактериите и внимавајте нареден пат кога докторот ќе ви препише антибиотик, особено два пати по ред ист антибиотик за иста бактерија.