Човек од Пакистан, кој само што се оженил, силувал 12-годишно девојче и потоа тврдел дека „ѓаволот влегол во него“ додека ѝ признавал на жена си. Поради престапот доби десет години затвор. 27-годишниот Пакистанец Камран Ахмед бил во Британија неполни шест месеци, откако се оженил со жена со британско државјанство, кога еден ден нападнал ученичка и ја соблекол велејќи ѝ „морам да го сторам ова“. Пред нападот ѝ кажал дека е убава, ја допирал непристојно и се обидел да ја бакне, за потоа да ја силува.
Потоа ѝ кажал дека ако се обиде да каже некому, никој нема да му поверува на дете, поради што детето долго време го носело срамот во себе, што на крајот почнало да се одразува и на училишниот успех. Таа премногу се срамела да го каже тоа на своето муслиманско семејство, но на крајот раскажала на својата учителка.
„Поради бесрамното злосторство, откако ќе ја одлежи затворската казна, Ахмед ќе биде депортиран во Пакистан и засекогаш ќе го носи срамот со себе“, изјавил неговиот адвокат Мухамед Разан.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!