Еден човек добил две години затвор откако разбил во домот на една жена и ѝ ги лижел интимните органи додека таа спиела крај нејзиното момче. 35-годишниот Џозеф Таук разбил во куќа во Потс Поинт во Сиднеј во 3:30 по полноќ, на 9 февруари 2015 година. Жената отпрвин мислела дека тоа го прави нејзиното момче, но по 20 секунди сфатила дека тоа не е тој. Ја пружила раката преку креветот и кога почувствувала дека нејзиниот партнер е сѐ уште крај неа, го зграпчила за рака, гребејќи го со ноктите и му прошепотила: „Тука има некој.“
„Што…кој си ти?“ прашал партнерот.
„Извинете, извинете, мислев дека ова е пансион, влезната врата беше отворена.“
Потоа тој го одвел натрапникот до вратата и кога се вратил, ја нашол неговата девојка како липа. Случката ја преплашила и ја оставила со душевна болка, но не отишла во полиција да пријави. Но, подоцна му кажала на својот очув, кој веднаш ја одвел во полициска станица. По неколку часа, полицијата го нашла Таук кој се изјаснил за виновен по обвинението за сексуално злоставување и незаконско влегување во туѓ дом.