На баба од Флорида која 25 години живеела во куќичка на дрво ѝ кажале дека мора да ја растури куќичката или ќе се соочи од казна од 7000 долари. 65-годишната Шони Чејсер ја минала минатата година борејќи се со властите на Мајами-Дејд Каунти поради нејзиниот дом наречен Рајот на Шони, кој е сместен меѓу еден даб и една смоква, во дворот на нејзиниот покоен син Џошуа. Обласните власти велат дека куќичката била изградена незаконски, како дивоградба, дека не е безбедна и мора да се растури во рамките на следните четири месеци или ќе се соочи со казна од 7000 долари. Чејсер веќе платила 3000 долари најразлични казни.

Но, оваа баба која се занимава со производство и продавање пуканки вели дека никогаш не да дозволи да се сруши куќичката и дека ќе продолжи да живее таму со нејзиното милениче, ракунот Куни.

„Ќе се врзам себеси за куќичката“, вели Чејсер. „Кога сум горе во куќичката, дури и кога грми и врне, се чувствувам како во рајот.“

Проблемите започнале минатата година кога некој се пожалил на нејзината градба. Минатиот септември ѝ била издадена казна за незаконско поседување станбен простор, како и за изведување градежни работи без дозвола, вклучувајќи езерце, фонтана и куќичка на дрво.

Властите тврдат дека куќичката е небезбедна и дека ги нема соодветните услови и не ги следи строгите правила и прописи на Јужна Флорида кога станува збор за услови за живеење, пред сѐ поради честите урагани, но и поради тоа што водоинсталација и електрична инсталација мора да се инсталираат со дозволи и инспекции.

bb01 bb02 bb03 bb04 bb05 bb06 bb07 bb08 bb09 bb10 bb11 bb12 bb14 bb15 bb16 bb17 bb18 bb19 bb20

Сподели на Facebook
пати видено