Оваа реклама е снимена 1972 година за нивниот канцелариски систем и во неа се прикажани неколку иновации кои се далеку пред нивното време.
Во 1 минутната реклама Xerox ја промовира својата визија за канцеларија на иднината. Години пред своето време, од 1972 година Xerox Алто е опремен со Ethernet вмрежување, прикажување на цела страница, глушец, ласерско печатење, e-mail, како и со Windows-базиран кориснички интерфејс. Проблемот бил што цената му била висока и продажбата ограничена на големи компании. Алто бил револуционерен изум и инспирација за оперативните системи на Apple Macintosh и Microsoft Windows.