Актерката и манекенка Софија Хајат ги отстрани своите градни импланти и го отфрла животот на ѕвезда за да стане калуѓерка. Откако го посветила својот живот на целибат во април, 41-годишната актерка која беше дел од Боливуд, сега медитира пет часа дневно. Таа вели дека новиот начин на живот е нејзиниот „вистински повик“ во животот, по сиот тој луксузен живот со забави, филмски премиери и забавувања со серија згодни и успешни мажи.

„Мојот претходен живот беше прекрасен, но овој сегашниот го сакам повеќе“, вели таа. „Кога ќе ги погледнам моите фотографии, се уште сум насмеана. Мислам дека било пишано да минам низ тој живот за да го искусам вистинскиот живот. Но, сега мојот живот е како второ пришествие. Причината за моето постоење е да ја одземам сета негативност и да ја откријам вистината за нашето постоење.“

Софија била одгледна како муслиманка во Јужен Лондон од страна на строги родители, но „строгото и задушувачко детство“ довело до нејзино бунтување во тинејџерските години.

„Кога бев тинејџерка, бев очајна да се ослободам од правилата и ограничувањата на мојата религија. Сакав да бидам секси, сакав да носам убава облека и сакав да ја покажувам мојата долга коса и телото. Никогаш не сакав само да бидам славна. Сакав да пејам, но сето тоа си дојде заедно. Кога почнав да се занимавам со манекенство, си обезбедив работа од соништата како ТВ презентерка во 2000 година, и оттогаш мојата кариера полета.“

Во тоа време се запознала со личности како Леонардо Ди Каприо, а започнала и да глуми за Боливуд. Но, денес, по сите тие забави, кокаин, силикони и ботокс, таа решила да се посвети на духовниот живот.

mn01 мn07 mn09 mn08 mn06 mn05 mn04 mn03 mn02

Сподели на Facebook
пати видено