Една жена чијашто нога отекла до големина на нога на слон поради ретко нарушување, сега конечно пак ќе може да оди благодарение на третман кој ѝ го променил животот. 54-годишната Розен Смит од Плано, Тексас, гледала во ужас кога на возраст од 18 години нејзиниот глужд почнал да отекува без никакво објаснение. Докторите немале поим зошто нејзината нога толку брзо расте – и нејзината самодоберба се урнала соочувајќи се со сурови шеги каде и да одела.

lm01

На 29 години конечно ѝ поставиле дијагноза – лимфоедема, неизлечиво нарушување при кое лимфните течности се насобираат во рацете, нозете или лицето и предизвикуваат несразмерна подуеност. Нејзината нога продолжила да расте и била толку голема што веќе не можела да оди, а и не можела ниту да ја скрие под облека.

lm02 lm03

Сега, по две години собирање средства преку различни фондови, таа отпатувала во Јужна Кореја на липосукција и третман со матични клетки. Нејзината нога веќе се намалила за 50 отсто, што ѝ дава нова надеж за животот бидејќи по толку години сега за првпат може да го свитка коленото.

lm04

Таа вели: „Со текот на децениите, ногата ми стануваше сѐ поголема и поголема. Изгледаше како стебло. Кога ќе ги споредев двете нозе, едната изгледаше како нога на слон, а другата како на птица. Ова нарушување ми го уништи животот, направи да изгледам толку лошо што се прашував зошто тоа ми се случи мене и со што сум заслужила вакво нешто. Лимфоедемата ми се случи преку ноќ. Кога имав осумнаесет години, се разбудив и видов дека глуждот и стопалото ми се потечени, не можеше да се види коската на глуждост, изгледаше како оклоп на желка…Ако некое момче се заинтересираше за мене, веднаш го губеше својот интерес штом ќе ми ја видеше ногата. Каде и да одев, луѓето ќе зјапаа, посочуваа, шешотеа и правеа сурови коментари. Ме викаа `девојката со голема нога`. Тоа направи да се чувствувам многу чувствително и несигурно.

lm05

Но, благодарениа на д-р Јанг Ки Шим од Сеул, Јужна Кореја, таа конечно гледа некаква надеж за подобар живот. Тој лекува со помош на матични клетки за да го заздрави лимфниот систем, а целиот процес започнува со вадење на течноста од потечените екстремитети. Третманот чини 20 000 долари, во што се вклучени и летовите до и од Сеул.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено