Од опуштени забави со прекрасни манекенки, до дружење со НБА играчи во неговото летно прибежиште во Хемптонс, вредно 72 милиони долари, Александар Сорос навистина си го живее животот. 30-годишниот филантроп и син на инвеститорот Џорџ Сорос – кој тежи околу 24,9 милијарди долари – изгледа дека навистина ужива во улогата на домаќин додека ја изнајмува „Вила Марија“, палатата која припаѓала на покојниот дизајнер на обувки Винс Камуто.Раскошните собиранки на пространиот имот од 1860 метри квадратни вклучуваат печење јастози, пијано играње криенки и пиење вино розе во огромни количества. Модните дизајнери Тимо Вајленд и Максвел Озборн, ѕвездата на Њујорк Никс, Џоаким Ноа и манекенката Каролин Вриленд се меѓу најзабележителните негови гост. Тој исто така се појавува на Инстаграм профилите Шанел Иман и Наџа Вакил.

Но, Сорос е најневообичаениот плејбој во Хемптон. Покрај лудите забави, тој работи на одбрана на својата докторска дисертација. Во моментот работи на неговата теза со наслов: „Еврејскиот Дионис: Хајне, Ниче и политиката на литературата“, докторат по модерна европска историја на калифорнискиот универзитет Беркли.

„Тој е одличен домаќин“, вели неговиот близок пријател Максвел Озборн. „Но секогаш има миг кога тој…исчезнува некаде да работи.“

Покрај неговите многу улоги во општествата ширум светот, Сорос ја основал фондацијата Александар Сорос во 2012 година, која досега донирала околу 10 милиони долари.

so01 so02 so03 so04 so05 so06 so07 so08 so09 so10 so11

Сподели на Facebook
пати видено