Германска градоначалничка се соочува со жестоки критики откако на Фејсбук објавила „шегобијна слика“ со краставица која личи на бурка. Сликата била споделена од страна на Симон Стајн-Луеке, која е градоначалник на општината Бад Годесберг во градот Бон. Над сликата стои зборот „Гурка“, изменета форма на германскиот збор „гурке“ кој значи краставица.

Подоцна таа ја бранела својата објава, опишувајќи ја како забавна содржина. Таа вели дека ги почитува сите религии и немала намера да навреди никого. „Ги почитувам сите религии, но секогаш сум истакнувала дека се противам на вел преку целото лице. Сепак, тоа е само шега“, вели таа.

kr01 kr02 kr03

Сподели на Facebook
пати видено