Нина Наустдал зборува за чевларите. Таа објаснува зошто секоја мајка би требало да има доверлива личност која би требало да влезе во нејзиниот дом за да ги измери стапалата на нејзините деца за рачно изработени чевли. Но, што ќе му се рачно изработени чевли на мало дете? „Бидејќи е толку забавно да бидат вклучени во процесот на дизајнирање“, вели таа. „Толку е уникатно некој да ги направи специјално за нив. Мојот син последниот пар обувки ги носеше цело лето, и никој нема такви во Лондон, Монако или на југот на Франција. Тие ги прават децата да се чувствуваат посебни. Дефинитивно би ги препорачала.“
И колку чини еден пар рачно изработени чевли, во Лондон или Монако? Таа не знае и веројатно смета дека кога веќе се грижите за цената, веројатно не ни можете да си ги дозволите. Нина е една од мајките прикажани во шокантниот документарен филм „Премногу отмени за да ги одгледуваат своите деца, кој се фокусира на тоа како супер богатите се справуваат со одгледувањето деца.
Во нивниот свет за децата се задолжени не само дадилки, тутори и куќни помошнички, туку и нинџа дадилки кои ја комбинираат грижата за децата со часови по боречки вештини, супер тутори со диплома за доктор на науки, како и лего терапевти. ЦЕната за сето тоа – од 1000 евра за час па нагоре. Потоа, тука се и готвачите специјалисти за веганска храна кои покрај другото знаат и да медитираат и да скијаат.
Ова е збркан, шарен свет, во кој парите можат да купат сѐ, од некој кој би наплатил до 2000 евра за да му помага на вашето дете да врши нужда во нокширчето, до личен учител по цртање портрети или музички учител кој на детето ќе му препорача инструмент вреден 7 милиони евра. Еден татко се фали дека никогаш не сменил пелена во неговиот живот. Кога ќе се роди друго дете, тој едноставно ќе најми друга дадилка.
Тоа е свет сосема туѓ и неразбирлив за повеќето од нас.