Ловот по вистинскиот идентитет на Банкси доби нов заплет откако од страна на истражувач беше именуван член на Масив Атак. Роберт „3D“ Дел Наја, основачот на познатиот бенд од Бристол, е обвинет дека стои зад герила графитите бидејќи тие постојано се појавуваат во близина на местата кадешто се одржуваат нивните настапи.
Во 2008 година се веруваше дека Банкси е ученикот Робин Ганингем, и научниците кои ги анализирале неговите дела исто така верувале дека е тој. Но, сега истражувачкиот новинар Крег Влијијамс вели дека мистериозниот уметник би можел да биде Дел Наја, или можеби тим уметници предводени од него, дека станува збор за уметници поврзани со Масив Атак кои ги комбинираат концертите со графити.
Вилијамс ги следел графитите на Банкси и вели дека во најмалку шест прилики тие се појавиле кратко пред или по настапите на Масив Атак. 3D во 1980-тите бил графити уметник и признава дека е пријател со Банкси – но новото истражување на новинарот наводно покажува дека музичарот можеби и е самиот Банкси. Неговиот бенд, познат по песните Тир Дроп и Анфинишд Симпати заработи милиони, додека делата на Банкси се продаваат најмалку по 500 000 долари.