Кога актерката Џема Артертон се појави на Филмскиот фестивал во Венеција оваа недела, сите очи на 30-годишната беа вперени во нејзините наизглед бескрајни нозе. А сепак, тие убаво оформени глуждови и витки бедра не се резултат на добрите гени и часови минати во салата за вежбање. Поранешната девојка има свое тајно оружје – нејзините златни сандали.

И Џема не е единствената славна личност која се колне во овие магични потпетици. Викторија Бекам, Шерил Фернандез-Версини, пејачката Кетрин Џенкинс и Кетрин Зета-Џонс исто така истапиле со слични обувки – и со сличен ефект. Тогаш што е тоа што овие потпетици ги прави толку популарни на црвениот тепих?

Тајната лежи во двата тенки ремени – еден ниско кај глуждот и еден преку прстите. Тие се толку тенки, што оддалеку изгледаат речиси невидливо, создавајќи илузија дека одат босоноги – правејќи нозете на старлетите да изгледаат десеттина сантиметри подолги. Покрај тоа, златната боја на обувките додава дополнителна доза гламур.

zl01 zl02 zl03 zl04 zl05 zl06

Сподели на Facebook
пати видено