Судот на Саудиска Арабија наредил човек да добие 2000 камшици и да мине 10 години в затвор бидејќи на Твитер го исмевал Куранот и го одрекол постоењето на Бог. 28-годишниот бил осуден откако Исламската полиција открила 600 негови твитови во кои тој го изразува својот атеизам. Според законите кои беа воведени во државата пред две години, атеизмот се дефинира како „тероризам“.
Пркосниот маж вели дека неговите објави на социјалните медиуми ги одразуваат неговите веруања и дека тој има право да ги изрази. Полицијата нашла негови објави со исмеани стихови од Куранот, ги обвинувал сите пророци за лажење, велејќи дека религиското учење поттикнува непријателство и го одрекол постоењето на Бог. Згора на сѐ, бил казнет и парично, со казна во износ од 4800 евра.