– Што си ми зготвила за вечера?
– Печурки…
– – – – – – –
Симптомите на Ебола се: потење, слабост, дијареа и болки во стомакот ….
Исти добив синоќа, откако видов како жена ми седнува на компјутерот, а Фејсбукот ми останал отворен…
– – – – – – –
Малиот Саше никогаш не врескаше во продавница за играчки:
– Купи ми гооо, купи мииии!!!
Тој секогаш почнуваше со некоја далечна тема, на пример:
– Тато, и твоето детство ли беше тешко и тажно?
– – – – – – –
И ја фрлил старецот мрежата во морето и чекал…
По некое време слушнал:
„Мрежата во моментов е недостапна. Обидете се подоцна.“
– – – – – – –
– Како зборуваш, кога немаш мозок? – Праша Дороти.
– Не знам – рече Плашилото – но оние кои немаат мозок, многу сакаат да зборуваат…
– – – – – – –
Вработениот му вели на газдата:
– Шефе, со таа плата што ми ја даваш, не можам да се оженам бе…
– Смири се… Еден ден ќе ми бидеш благодариш за тоа…
– – – – – – –
Мојот омилен дел од подготовката на вечерата е кога на вратата се појавува доставувачот на пици.
– – – – – – –
Мамо, мамо, гасениците како стануваат пеперутки?
Со Инстаграм дете мое…
– – – – – – –
Оди еден маж нa доктор и вели:
– Докторе имaм болкa, позади на влезот.
Докторот:
– Додека го викaш влез, ќе те боли!
– – – – – – –
Го застрелале Чак Норис. Наредниот ден тој му оди на погреб на куршумот.
– – – – – – –
Во Јапонија направија робот кој можел за 2 минути да фати 10 криминалци. Го пратиле во Франција и за 2 минути Фатил не 10 туку 14 криминалци. Го испратиле во Америка таму за 2 минути фатил 20 криминалци. Го испратиле во Македонија и за 20 секунди од него не останало ништо.
– – – – – – –
Старица со торба, во преполн автобус, вели:
– Мажи, ве молам пазете на јајцата!
– Ти луда ли си, па носиш јајца во торба?
– Не, во торбата има шајки.
– – – – – – –
Ме фати гнев кога го зедов нејзиниот телефон и сфатив дека ме запишала како: „филмови и бесплатна храна“.
– – – – – – –
Кинез на интервју за работа:
– На ден се работи по 12 часа.
– Охооо, супер токму таква работа барав со половина работен ден.
– – – – – – –
– Што вели жената по три оргазми?
– Не знам.
– Не знаеш, а?! А на состанок ме каниш!
– – – – – – –
Оглас во сајт за запознавање:
„Сакам да запознаам здрава и енергична жена. Накратко за мене – имам 20 декари тутун.“
– – – – – – –
– Пејо, на што мислиш?
– На истото што мислиш и ти, Стојно!
– Боже, на со каков мрсник сум застанала…
– – – – – – –
– Мразам понеделници!
– Но, денес е петок!
– Омразата не стивнува!!!