Еден човек се плаши да излезе од својот дом бидејќи секогаш неосновано го нарекуваат педофил, бидејќи неговата 32-годишна девојка изгледа премлада. 42-годишниот Шејки Финкс од Плимут, Британија, вели дека полицијата му кажала да носи фотокопија од возачката дозвола на неговата девојка Џесика Стивенс за да докаже дека таа не е малолетна.
Првпат се запознале пред две години и шест месеци подоцна стапиле во врска. Оттогаш постојано се подложени на закани од луѓе кои мислат дека Стивенс е помлада отколку што навистина е. Тој вели дека го малтретираат на улица, а неговата фотографија почнала да кружи по локалните училишта, неправедно оквалификувајќи го како педофил.
Тој доброволно се јавил во полиција за на сите да им докаже дека е чист, и тие потврдиле дека никогаш немал проблеми со законот. Но, и покрај тоа, лажните обвинувања му го уништуваат животот. „Сум силувал мали момчиња во Стоунхаус и мали девојчиња во Девонпорт“, се жали г-н Финкс. „Појдов во полиција за целосно да ми го проверат животот. Немам криминално досие. Никогаш за ништо не сум бил уапсен или обвинет во животот. А ќе излезам в град и мајките ги стискаат своите деца блиску до себе кога ќе минат крај мене. Џесика е многу малечка и не личи на својата возраст и оттаму почна сѐ.“
Двојката не може да влезе ни во локалните продавници без да бидат малтретирани. Џесика вели: „Ако тој влезе во локална продавница, луѓето почнуваат да велат разни нешта. Една жена му кажа да бега настрана од нејзините деца и дека негова слика почнала да кружи по локалните училишта. Ќе мине крај некој паб и луѓето ќе почнат да му викаат да се сели од градот, дури и кога минуваат покрај станот дофрлуваат разни нешта.
Пред некој ден Шејки се возел во автобус и некоја девојка му пришла, велејќи му дека не сака да биде во ист автобус со него. И на крајот морал да слезе“, раскажува неговата девојка.