Мајка на три деца вели дека имала сексуален однос со својот сопруг секој ден во траење на една година и вели дека тоа ја научило како да го сака своето тело. Бритни Гибонс, автор на книгата „Дебелата жена чекори“ вели дека по раѓањето на нејзиното трето дете таа не се чувствувала удобно во сопствената кожа и не дозволувала дури ни на нејзиниот сопруг Енди да ја види гола.

b05

На препорака на нејзина пријателка, Бритни склучила договор со нејзиниот сопруг да имаат секс 365 дена во годината со цел секој ден да се соочи со своето тело. Таа вели дека освен во деновите кога биле разделени географски и кога закачиле стомачен вирус, тие останале верни на своето ветување. Иако таа вели дека целта на експериментот била попрво да се спаси себеси отколку бракот, три години подоцна таа сѐ уште го чувствува ефектот врз нивната врска. Пред почетокот на тие 365 дена, таа не давала да ја видат гола, водела љубов во темница и го криела своето тело чекајќи нејзиниот сопруг да излезе од собата пред таа да појде во бањата за да се облече.

eb01

„Да се има секс секој ден во годината изгледа претерано, но исто така и интригантен начин да се присилам себеси секој ден да се соочувам со своето тело. Мислам, еден ден завесите ќе мора да паднат и светлото ќе остане вклучено, зар не?“

eb02

Вели дека на почетокот бил тешко и таа се мачела да си го додржи зборот кога ќе се вратела уморна од напорниот ден. Но, издржале и по неколку месеци таа едвај чекала, како што раскажува.

„Сексот си бараше уште повеќе секс. Станувавме сѐ поромантични еден крај друг, си ги допиравме рацете кога минувавме еден крај друг, се бакнувавме подолго пред работа, а не само обичниот студен, брз бакнеж. Нашата врска зајакна и се подобри како што нашата интимност цутеше“, вели таа.

eb04

Сподели на Facebook
пати видено