Учителка во основно училиште побарал од своите ученици од трето одделение да ја завршат реченицата „Посакувам мојата учителка да знаеше…“ со цел подобро да ги запознае. Но, кога учениците од Дуловото основно училиште во Денвер, Колорадо ѝ ги предале своите писмени одговори на нивната учителка Кајли Шварц, таа била шокирана од сериозноста на нивните одговори. Белешките, кои неодамна биле објавени во вид на книга, ги откриле социјалните проблеми со кои се соочуваат овие деца. Проблеми како депортација, сиромаштија, смрт и отсутни мајки.

uc01

По успехот на оваа нејзина училишна активност, минатата година го споделила на интернет и хаштагот „#посакуваммојатаучителкадазнаеше“ стана хит на интернет, инспирирајќи и други уители да ги следат нејзините стапки и да ги споделуваат резултатите.

Во нејзината книга „Посакувам мојата учителка да знаеше: Како едно прашање може да смени сѐ за наште деца“, таа споделува некои од најтрогателните пораки од децата.

„Посакувам мојата учителка да знаеше дека дома немам моливи за да ја напишам домашната задача“, пишува едно дете.

Друго пишува: „Посакувам мојата учителка да знаеше дека понекогаш моите вежби не се потпишани бидејќи мајка ми често ја нема.“

uc02 uc03

Едно дете ги опишува проблемите на неговото семејство: „Посакувам мојата учителка да знае колку многу ми недостига татко ми бидејќи тој беше депортиран во Мексико кога имав три години и шест години не сум го видел.“

uc05

Во својата книга, Кајли истакнува дека е од пресудно значење наставниците и семејствата на децата да работат заедно.

„Навистина сакам семејствата да знаат дека вистинските наставници се тие кои создаваат чувство на заедница и кои создаваат врски со децата“, пишува таа. „Децата не учат кога не се чувствуваат безбедно или ценето.“ Таа вели дека се случиле бројни грешки кои можеле да бидат спречени доколку подобро ги познавала своите ученици. Во еден таков пример, таа ја раскажува приказната за нејзиниот поранешен ученик Крис кој ја сакал науката. Таа сметала дека ќе му биде од полза да го пријави за летен камп со фокус на науката. Но, признала дека немала поим за финансиските проблеми со кои се соочувало неговото семејство и дека не можеле да си го дозволат тоа.

uc14

Сподели на Facebook
пати видено