Фанатиците од Исламска Држава распишале награда од 50 000 долари за главата на Бугаринот кој се прослави со заробувањето мигранти кои нелегално се обидуваат да влезат во неговата земја. Самонаречениот „ловец на мигранти“ Динко Валев се здоби со слава откако објави видео клипови на интернет со него како лови мигранти од Сирија кои преку Турција влегувале во Бугарија.
Во неодамнешен видео клип, поранешниот полупрофесионален борач ѝ се заблагодари на неговата армија поддржувачи за нивната поддршка, покажувахќи го својот нов Мерцедес Ѕ. Но, неговите видеа не му донеле само армија на поддржувачи: неговата бестрашна и нескромна самопромоција исто така довела до тоа екстремистите од ИД да распишат потерница по неговата глава во износ од 50 000 долари за секој кој би го убил.
Некои негови сонародници го сметаат Валев за херој по објавените видеа на кои се гледа како на мигрантите им вика: „Врати се назад во Турција. Нема Бугарија за вас“. Валев своите дејствија ги брани како „јавна услуга“ на својата татковина, чијашто граница од 2015 година ја минале повеќе од 30 000 мигранти, и вели дека своите заробеници ги предавал на полицијата. Неговата популарност во Бугарија е толку голема што му понудиле повеќе од 80 000 евра да учествува во бугарската верзија на Големиот Брат.
Неговото последно појавување на социјалните медиуми е со цел да им се заблагодари на своите фанови што му овозможиле да го купи својот луксузен автомобил.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!