„Сите сме подобри луѓе благодарение на тоа што те имаме тебе во нашите животи“

Жена со Даунов синдром се пензионирала по 32 години работа во Мекдоналдс во американската држава Масачусетс. Фреја Дејвид започнала со работа во 1984 година преку програма за вработување возрасни со когнитивна попреченост. Две други личности од таа програма не успеале да ја завршат шестмесечната обука, па така Дејвид набргу станала столбот на ресторанот.

dn01

Дејвид веќе долго време служела во ресторанот, кога нејзината 90-годишна мајка забележала дека таа почнала да заборава нешта и ѝ предложила да се пензионира. Во понеделник се собрале повеќе од 100 луѓе во месниот Мекдоналдс за да ѝ посакаат на Дејвид среќно пензионирање. За подарок добила сребрен ѓердан со приврзок во вид на кесичка за помфрит, а исто така подарок добила и од градското собрание.

dn02

„Беше фино, навистина сум среќна. Ги сакам сите мои пријатели тука“, вели Дејвид. Менаџерот на рестораот Рони Сандовал изјавил: „Кога ќе видеше деца во ходникот, започнуваше да прави помфрит и иќе излезеше велејќи: – Здраво, душо! Таа е прекрасна, прекрасна девојка.“

dn04

Убав пример дека за сите има место во општеството и никој не треба да се дискриминира.

Сподели на Facebook
пати видено