Снимка од домот во кој била згрижена „Девојката Х“,  прикажува постојана низа луѓе, вклучително и постари мажи, како влегуваат во нејзината соба во ноќта пред нејзината смрт во 2014 година. Нејасната црно-бела снимка прикажува како луѓе влегуваат и излегуваат, а персоналот на установата во Пенант Хилс, северозападен Сиднеј, споделува дека зградата малку по малку се претворала во „сврталиште“. Еден од вработените им кажал на иследниците дека луѓе со часови влегувале и излегувале. „Постари луѓе ќе се качеа во нејзината соба преку прозорецот“, вели тој.
Еден од негувателите вели дека постојано наоѓале млади луѓе како спијат на подот.

dx01

„Ќе влезев во собата, и ќе најдев 10 луѓе внатре. Ќе ги исфрлев, а тие пак се враќаа преку прозорецот.“

Два дена пред нејзината смрт, на безбедносните камери бил снимен човек како прозорецот влегува во нејзината соба. Според сведочењето, девојката му покажала хероин, велејќи му: „Гледај што имам овде“. Човекот ја зел дрогата и се онесвестил и спиел цела ноќ.

dx03

Утрото побарал помош откако слушнал дека девојката прави чудни звуци при дишњето. Еден од негувателите се обидел да ја оживее, а медицински лица успеале да ѝ ја повратат срцевата функција, но таа останала во бесознание и не можела да дише правилно. Девојката умрела рано утринта на 21 април 2014 година.

dx06 dx04

Аутопсијата покажала дека причината за нејзината смрт е инјектирањето спидбол – особено опасна комбинација на хероин и метамфетамин. Воочи нејзината смрт таа требала да сведочи во врска со нејзиното обвинение дека била силувана на 14 години.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено