Наплив на радио сигнали од правецот на ѕвезда налик на сонцето ги возбуди астрономите. Се чини дека сигналите потекнуваат од ѕвездата позната како HD 164595 во соѕвездието Херкулес, на приближна оддалеченост од 95 светлосни години. Научниците сугерираат дека тие веројатно се резултат на природен феномен, како што е феноменот на гравитациска леќа, во кој гравитацијата на ѕвездата се засилува и ги фокусира сигналите кои доаѓаат од друго место. Но, астрономите исто така побарале СЕТИ (Search for Extraterrestrial Intelligence – Потрага по вознемјанска интелигенција) повнимателно да ги испитаат сигналите да не се порака од вонземјани.
Според извештајот од Пол Гилстер во Кентаури Дримс, сигналот првпат бил забеежан на 15 мај минатата година преку радио телескопот РАТАН-600 во Зеленчукскаја, Русија. Ѕвездата HD 164595 е интересна на научниците бидејќи е слична на нашето сонце и има барем една топла планета во својата орбита. Ѕвездата е околу 100 милиони години помлада од нашето сонце.