Милионер објавил видео од неговата бивша свршеница како се удира себеси по лицето за потоа лажно да тврди дека тој ја злоставувал. 45-годишниот Скот Мичел ја објавил снимката со 29-годишната Мери Хант како се удира себеси во периодот на нивната напната законска битка. Бизнисменот од Тампа Беј, Флорида, ја обвинил дека кога минатото лето се разделиле, таа од сефот украла накит во вредност од 2,1 милион долари. Хант тврдела дека пред да ја откажат свадбата планирана во август, Мичел бил насилен кон неа, оставајќи ја со модринки и исеченици. Но, неговиот адвокат вели дека новата снимка е доказ дека повредите си ги нанела сама.

ml01

„Објаснението за модрото око сега е многу поразлично“, вели адвокатот Тод Фостер. „Нема никаков доказ дека тој било кога ја тепал“, додава тој. „Оваа видео снимка сега покажува како таа се удира по истиот дел на лицата и главата по кој тие тврдат дека Скот ја удрил.“

Како што се вжештува нивната законска битка, сега најмиле експерт форензичар кој порано работел во ФБИ за да ја изгледа снимката.

Сподели на Facebook
пати видено