33-годишна мајка умрела спасувајќи го својот двегодишен син кој паднал во водите на езерото Пауел, САД. Челси Џ. Расел од Лејквуд, Колорадо, била со членовите на своето семејство на возење со чамец на езерото, кога нејзиниот син паднал во водата. Челси скокнала во водата за да го спаси, додека другите членови се обидувале да го запрат чамецот и да го свртат назад и да ги извадат од водата.
Иако сето тоа траело кратко, додека да се вратат и стигнат до нив, Челси се онесвестила. Ниту таа, ниту синот не носеле појаси за спасување за време на инцидентот. Успеала да го стави својот син на своите гради, за главата на малото момченце да биде над водата и да може да дише. На крајот успеле да ги извлечат во чамецот, давајќи ѝ вештачко дишење. Набргу пристигнале до брегот, но Челси веќе била мртва.
Двегодишното дете било префрлено во болница во Флагстаф со хеликоптер, и сега се наоѓа во добра состојба.