Јавните куќи со роботи наскоро би можеле да станат нешто сосема вообичаено, со оглед на тоа што британската секс индустрија минува низ технолошка револуција. Виден професор по право тврди дека технологијата би можела да ја расчисти индустријата, бришејќи ги проблемите како сексуално преносливите болести и трговијата со бело робје.

kk01

Професорото Џон Данахер верува дека роботите, кои можат масовно да се произведуваат, би можеле дури и да ја легализираат професијата. Макроата и сопствениците на јавни куќи би можеле слободно да основаат бизниси нудејќи секс услуги од киборзи на секој кој ќе го побара тоа, без никакви законски последици, вели тој. Проф. Данахер дури смета дека роботите би можеле да бидат и подобри в кревет од луѓето, а можеби и подобри во развивање емоционални врски со своите клиенти.

kk02

„Киборзите би можеле да се погрижат за желбата за сексуална разновидност, слободата од било какви воздржувања и компликации, како и за стравот од сексуален неуспех. Технологијата може да стане подобра во развивање емоционални врски со клиентите. Тие нема да мора да лажираат како што тоа го прават човечктие проститутки“, смета професорот.

Експертите веруваат дека до 2025 местата како прочуената улица на црвените светла во Амстердам ќе бидат полни со киборзи. Тие не само што ќе ги наполнат борделите, туку ќе почнат да живеат и во нашите домови, како што технологијата забрзано се развива.

Сподели на Facebook
пати видено