Мајка на две деца вели дека ѝ се изменил животот и станала милион пати посреќна откако успеала да се здебели. 29-годишната Алисон Кими применувала строги диети во нејзините рани тинејџерски години и како последица на тоа телото ѝи се деформирало. По нејзината свадба во 2008 година започнала со холистички режим под надзор на нејзиниот тренер и полека започнала да ја зголемува својата телесна тежина.
Споделувајќи го своето патешествие на Инстаграм, со слики пред и потоа, Алисон, која исто така е и манеканка „со плус големина“, пишува: „Ова ме води до сликата оддесно, неколку броја поголема и милион пати посреќна.“ Алисон понатаму вели дека не се преоптоварува веќе со „идеални“ димензии и дека научила да се сака себеси и своето тело.