Светот на децата што одат во училиште со себе носи безброј обврски, но ќе се согласиме дека училиштето е незаборавен период од животот, во кој децата ќе научат многу нешта за светот и за луѓето и ќе стекнат безброј пријателства, од кои некои ќе траат цел живот.
Деветтолетката е своевиден крај на раното детство, па за многу родители не е лесно одвојувањето од децата, а особеноод првачињата.Затоа голем број родители се обидуваат да најдат начин да им го направатучилиштето интересно и убаво искуство и на весел и неоптоварен начин да им дадатветер во крилјата за да уживаат, црпат знаења и да ги развиваат своите потенцијали.
Скопје сити мол ги споделува грижата и настојувањата на родителите да креираат волшебен свет за своите малечкиштоовој септември тргнуваат на училиште. Во таа насокатој креираше голема училишна промоција „Колку грепки, толку петки“, каде што родителите и децата ќе најдат огромен избор на училишна опрема, прибор, тетратки, ранци, торби, кутии за ужинка, дополнителни реквизити и помошен материјал и фантастичен избор на гардероба што ќе го разубави првиот училиштен ден.
„За убави, позитивни училишни денови, важное да ги охрабриме децата да бидат во добар контакт со другарчињата и со наставниците, да комуницираат пријателски и со почит, да учат посветено и да грабаат знаења и вештини, но дополнителна сигурност ќе имовозможи и навремено подготвената училишна опрема, ранец, тетратки, прибор, можеби и некоја нова маичка со омилените јунаци, нов детаљ што ќе предизвика радост и возбуда и добро и позитивно чувство во новата околина. Ги поканувам сите родители и нивните дечиња да уживаат во сé што им подготвивме за добар старт на училишната година и им посакувам на сите многу петки“ – изјави Дарко Панчевски од Скопје сити мол.
Со секое пазарување над1.000 денари во продавниците што учествуваат во кампањата, потрошувачите ќе можат да ја приложат фискалнатасметка на пултот за регистрацијаи да добијат грепка. Секоја грепка е добитнагрепка во која се кријат многу подароци и изненадувања; плејстејшн 4, велосипеди, ваучери од книжарница Икона, училишни ранци, несесери и училишни комплети. Децата ќе можат да уживаат во креирањето на својот нов, забавен училиштен живот, да одбираат училишна опрема со омилените бои, ликови и дезени, но и да се забавуваат за време на викендите во еду-корнерите од 12 до 14 и од 19 до 21 часот, кадешто ќе прават научни експерименти и ќе пробаат многу иновативни трикови.
Дополнително, од 1 до 4 септември, сите пресреќни родители што сакаат да го овековечат почетокот на оваа училишна година и да го израдуваат своето прваче креирајќи незаборавен спомен од таа првосептемвриска еуфорија, ќе имаат можност да го посетат фотокорнерот „И јас сум прваче“ создаден токму за нив.
Следејќи ги трендовите и ослушнувајќи ги потребите на родителите и на учениците, Скопје сити мол со училишната промоција „Колку грепки, толку петки“ настојува да го развива добриот однос и да држи чекор со високите очекувања на потрошувачите, обезбедувајќи им ги најдобрите зделки за училишна опрема со кои Скопје сити молќе го напуштаат само среќни и задоволни посетители.