Најмладата добитничка на Евромилиони, којашто добила џекпот во 2013 година на возраст од 17 години, подготвила листа правила за нејзиното ново момче за неговиот одмор со другарите – и дури бара од него да носи маица со нејзиното лице на неа.Џејн Парк од Единбург го предупредила своето ново момче Конор Џорџ да не зборува со дефвојки и дури и да не ги гледа во очи со било која девојка за време на неговиот престој на островот Ибица.
Исто така, го предупредила дека ќе го тестира за присуство на дрога во крвта и дека ќе го провери неговиот телефон дали има телефонски броеви од девојки кога ќе се врати од неговата еднонеделна пауза од неа.Младата милионерка дури се заканила дека ќе му ги провери интимните делови од телото за било какви тајни тетоважи и да внимава, бидејќи таа може ненадејно да се појави и да го шпиунира. Се разбира, сликањето со било каква девојка му е строго забрането и таа ќе го надгледува неговиот Снапчат профил за секој случај.
Што се вели – љубов ли е ова или панаѓур…