Маж и жена кои го минале речиси целиот свој живот заедно, се присилени да ги минат своите златни години разделени бидејќи не можат да издејствуваат да престојуваат во ист старечки дом. 83-годишниот Волф Готшалк и неговата сопруга, 81-годишната Анита се вљубиле додека нивните семејства живееле во иста зграда во Дизелдорф, Германија, уште кога биле тинејџери и се венчале во 1954 година.

ст01

По неколку месеци блаженство како нововенчани, тие решиле дека сакаат подобар живот за себе и своите идни деца и решиле да емигрираат во Сури, Британска Колумбија. Изградиле успешен живот и основале семејство, при што им се родиле син и две ќерки.

ст02

Но, по 62 години заеднички живот, тие последните осум месеци морале да ги минат разделени бидејќи не можеле да најдат дом кој сместува брачни парови. Нивното здравје е во опаѓање што значи дека имаат потреба да минуваат што е можно повеќе време еден со друг додека се уште можат. Прикажувајќи ја речиси невозможната ситуација на семејството во една објава на Фејсбук, нивната внука Ешли Бартик напишала за нивната тага и фрустрација во сегашната ситуација.

„По 62 години брак, тие се неразделни. Се прават заедно“, пишува таа.

ст06

Волф е на листа на чекање да се пресели во дом кадешто е сместена и неговата сопруга, но сега за сега не се знае кога тоа ќе му биде овозможено.

Сподели на Facebook
пати видено