Цели 14 години пожарникарот Патрик Хардисон морал да се справува со погледите на случајните минувати и да се плаши од сопствените деца откако бил ужасно повреден во пожар. Но, пред година му била дадена шанса за нов живот откако му направиле целосна трансплантација на лицето за време на тешка 26-часовна процедура во Њујорк.

Сега Хардисон, како што вели тој, нема да мора да се соочува со секојдневното понижување кое го трпел. „Сега сум само обичен, просечен човек кој чекори по улицата“, вели тој.„Сега луѓето можат да ме погледнат и да ме прашаат што се случило, но никогаш не би погодиле дека ми е направена трансплантација на лицето.“

lc01

Запрашан дали некогаш се чувствувал толку добро кога го игнорираат како сега, тој одоворил: „Не, господине, никогаш досега.“

Хардисон имал 27 години кога во септември 2001 година гаснел пожар кој засекогаш му го сменил животот. Тој и неговите колеги биле повикани да изгаснат пожар во приколка во Сенатобија, Мисисипи, и да спасат жена која била заробена внатре. Хардисон влегол во приколката и започнал да пребарува, кога таванот се срушил врз него, заробувајќи го внатре. Жештината предизвикала маската да му се стопи на лицето, а не можел да го изгасне огнот бидејќи неговото пожарникарско црево веќе се распаднало. Тој ја извлекол маската, ги затворил очите и се стрчал кон излезот.

lc02 lc03

Хирурзите подоцна ја пофалиле таа негова постапка бидејќи успеал да си го спаси видот и избегнал оштетување на белите дробови и грлото од чадот. Но, кога излегол, неговите колеги биле вџашени од надворешните повреди, опишувајќи како месо му паѓало од лицето кога излегол од пожарот.

Џими Нил, кој бил со Хардисон тој ден, вели: „Како некој кој од ова живее, никогаш не сум видел некој толку лошо изгорен и пак да биде жив.“

lc04 lc05

Хардисон минал 63 дена во болница при што на лицето му било пресадено ткиво од бутовите. Во несреќата ги загубил двете уши, усните, поголемиот дел од неговиот нос и речиси сето ткиво на очните капаци. Поради ова, не можел да гледа нормално. Кога се вратил дома, се сеќава дека неговите три мали деца биле преплашени од него.

„Моите деца се плашеа од мене. Не ги обвинувам. Тие се мали деца.“

Ним, и на другите љубопитни деца им кажувал дека се борел со мечка, но тие врескале и плачеле кога ќе го виделе. „Некои нешта се полоши од смртта“, вели тој.

lc05 lc06

Во болните години кои следеле, Хардисон бил подложен на 71 операција (во просек седум годишно) за повторно да му оформат уста, нос и очни капаци. Неговите постојани маки го фрлиле во депресија. Иако во текот на годините по несреќата добил уште две нови деца, Брејден и Кулен, последиците од несреќата оставиле силен товар врз животот на семејството и по десет години брак, тој и неговата сопруга Криси се развеле. За трагедијата да биде уште поголема, тој банкротирал и го изгубил својот дом. Покрај тоа, со текот на годините со сите тие операции и закрепнувања, станал зависен од лекарства против болки, што се одразило врз неговата нова продавница за гуми. На крајот, еден негов пријател од црквата во која оделе заедно се јавил на д-р Родригез кој во 2012 успеал да изведе транплантација на лице. Докторот кажал дека ќе се обиде да помогне и во август 2014 година Хардисон бил ставен на листата на чекање. Му требал донатор кој соодветствува на неговата боја на кожата, косата и крвниот тип, како и на скелетната градба. На крајот се појавил и донатор во лицето на Дејвид Родбау, кој загинал во велосипедска несреќа минатата година. Кога медицинскиот персонал ѝ пристапил на мајката на Родбау, прашувајќи ја за донирање на неговото лице, таа се согласила, велејќи дека тој отсекогаш сакал да биде пожарникар.

lc10

За да се изведе операцијата биле потребни повеќе од 100 хирурзи, сестри и асистенти и повеќе од 26 часа за да се заврши процедурата, при што Хардисон бил предупреден дека има само 50 отсто изгледи да ја преживее операцијата. Неговата најстара ќерка Алисон отпрвин ја доведувала во прашање неговата одлука, но вели дека била трогната кога пред да го одведат во оперативната сала, ѝ кажал дека повеќе нема да мора да носи бејзбол капче и очила додека шета по алејата.

lc12 lc11

Сега, по 12 месеци, неговото лице сѐ уште се приспособува на неговото ткиво и не го отфрлило трансплатантот. Иако сѐ уште преостануваат уште многу пречки за освојување, засега Хардисон се враќа на животот кој го пропуштил 14 долги години.

lc13

„Во текот на годинава нормалното стана реалност. Нормалното е нешто што мислев дека никогаш повеќе нема да го видам“, вели тој.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено